Германската атлетичарка Алиса Шмид, која многу германски медиуми одамна ја прогласија за „најсекси атлетичарка на светот“, ја провери фитнес-подготвеностан а дефанзивецот Томас Муние во напорна тренинг сесија.
22-годишната Шмид, како дел од спонзорскиот договор со „Пума“, тркачката ја сподели тренинг-рутината со Муние, откако претходно оваа година работеше и со други фудбалери на Дортмунд, како Мануел Аканџи и Матс Хумелс, предизвикувајќи го Хумелс на трка на 400 метри (која фудбалерот не ја заврши).
Шмид стана популарна на германските атлетски митинзи, освојувајќи сребро на 4х400 метри на јуниорското ЕП во 2017 и се надева дека ќе се квалификува за Олимпијадата за трка на 400 метри. Покрај тоа, секако, таа работи како модел.
Дали Алиса Шмид е најсекси атлетичарката на светот? (галерија)