Деветмина фудбалери во летниот преоден рок би можеле да го напуштат Челси пренесуваат англиските медиуми.
На списокот на фудбалери кои летово би можеле да заминат од „Стенфорд Бриџ“ се Еден Азар, Тибо Куртоа, Сеск Фабрегас, Педро, Гери Кејхил, Давид Луиз, Оливие Жиру, Курт Зума и Мичу Бачуаи.
Поради катастрофалната сезона, сопственикот на Челси Роман абрамовиќ, подготвува чистка во играчкиот кадар, а голема е веројатноста дека клубот ќе го напушти и менаџерот Антонио Конте. Во случај на превремен раскин на соработката Италијанецот ќе инкасира девет милиони фунти.
Белгиските репрезентативци Азар и Куртоа нема да ги продолжат договорите доколку челси не избори пласман во Лигата на шампионите, додека на Фабрегас, Педро, Кејхил, Луиз и Жиру договорите ќе им истечат наредната сезона. На овие играчи Челси нема да им понуди нови договори.
Иднината на Зума и Бачуаи, кои се позајмени во Стоук односно Борусија Дортмунд, ќе зависи од тренерот, независно дали од тоа дали Конте ќе остане.
Челси по 31.коло во Премиер лигата се наоѓа на петтото место со 56 бода, осум помалку од четвртопласираниот Тотенхем.