Top Sport

Раиконен: Оставете ме, знам што пијам! (видео)

Кими Раиконен е дефинитивно еден од најчудните и најинтересните Формула 1 возачи во последните десетина години, така што воопшто не чуди што е и „магнет“ за спонзорите.

Раиконен, кој покрај љубовта кон брзите трки, е познат и како љубител на алкохолот, минатата година стана „амбасадор“ на „Оригинал лонг дринк РТД“, мешавина на џин и грејпфрут, пијалок со Јапонија како главен пазар.

„Ајсмен“ веќе направи една реклама која се однесуваше на неговиот прекар, а сега доаѓа втора реклама, во која Финецот го прекинува нараторот на рекламата да му соопшти да го остави на мир, бидејќи знае што пие.

Ова е игра на зборови со легендарната изјава на Раиконен при радио-комуникацијата со тогашниот тим на Лотус, кога по многубројните совети преку радиото, тој им се обрати со зборовите: „Оставете ме, знам што правам“.


Scroll to Top