Реал Мадрид, со една нога веќе е во полу-финалето во Лигата на шампионите, откако во Торино го декласира Јувентус со 3:0. Тренерот на актуелниот европски првак Зинедин Зидан бил импресиониран од Кристијано Роналдо, кој постигна два гола, а ножичките сигурно ќе влезат во конкуренција за гол на годината.
„Не е лесно на Јувентус да му дадете три гола во Торино. Одигравме сјајно, но и Јуве беше добар, константно не притискаше. Секако дека во Јувентус не се среќни со ваков резултат, меѓутоа тој клуб секогаш ќе биде во моето срце. Кристијано е поинаков. Тој е поинаков од сите играчи и секогаш има желба да направи нешто неверојатно во Лигата на шампионите“, рекол Зидан по мечот и дополнил:
„Неговите ножички беа фантастични, меѓутоа промаши две чисти шанси. Таков е фудбалот“.
На прашањето чии гол е поубав, неговиот во финалето во 2002 година или на Роналдо против Јувентус, Зидан одговорил:
„Ох, дефинитивно мојот“.