Речиси 20 години подоцна, легендата на бразилскиот фудбал, Роналдо се извини на сите мајки за неговата фризура од финалето на Светското првенство во 2002 година, која секако натера многу родители да ги удоволат желбите на своите деца и да им направат слична фризура.
Роналдо беше во врвна форма на турнирот во Јапонија и Јужна Кореја, и пред финалето со Германија реши да го шокира светот со фризурата, подоцна објаснувајќи дека тоа било тактика да се тргне фокусот од неговата повреда добиена во полуфиналето против Турција.
„Тоа беше ужасно. Се извинувам на сите мајки кои мораа да гледаат како нивните деца добиваат иста фризура“, изјави Роналдо за „Спортс илустрејтед“.
Ужасната фризура на го спречи Роналдо, кој постигна два гола во второто полувреме за 2:0 победа над Германија за последна од петте светски титули на Бразил.