Италијанскиот агент на Елиф Елмас, Џорџ Гарди, вели дека македонскиот фудбалер од средниот ред во Наполи игра на „погрешна“ позиција, но и дека покрај тој факт, тој веќе вреди 40 милиони евра.
Интервјуто за италијанското радио „Пунто Нуово“ доаѓа откако Елмас вчера го постигна победничкиот гол за македонската репрезентација при славната 2:1 победа над Германија, и секогаш го дава максимумот во националниот дрес.
„Тоа е голем момент за Македонија. Тие се квалификуваа за Евро пред неколку месеци, а сега ја победија Германија. Елмас и Пандев се национални херои, а Елмас смета дека станува еден од лидерите на националниот тим, за кој секогаш игра исклучително“, вели Гарди.
Сепак, 21-годишниот Елмас, кој има 35 настапи за Наполи оваа сезона, игра на „погрешна“ позиција под Џенаро Гатузо.
„Тој е мецала и сака да игра на левата страна. Таа улога најмногу му прилега, иако може да игра и на други позиции. Кога дојде во Наполи имаше друг тренер, а сега е приморан во позиција 4-2-3-1 и повторно не разочарува. Мислам дека Наполи имаат дијамант. Млад фудбалер, лидер на националниот тим кој знае да дава голови. Играч како него вреди најмалку 30-40 милиони евра“, објаснува Гарди.