Top Sport

Полјаците одбија да клечат: Ние сме неутрални и аполитични

Откако претходно нивните соседи Чесите одбија да застанат на колено во наводната борба против расизмот, вчера и Полјаците одбија да клечат пред мечот со Англија, откако шефот на нивната федерација, легендарниот поранешен фудбалер Збигњев Боњек изјави дека тоа е „последното нешто што им паѓа на памет“.

Клечењето пред големите спортски натпреварувања стана практика, посебно во САД и Англија по протестите на Black Lives Matter по смртта на Џорџ Флојд минатиот мај. Во Премиер лигата, на пример, речиси сите тимови клечат пред натпреварите.

Полјаците решија да останат на нозе и со прстот да покажуваат кон беџот „RESPECT“ (почитување), дел од анти-расистичката кампања на УЕФА.

„Има многу поважни и поопасни работи во светот, ова е нешто што последно ни паѓа на памет“, изјави Боњек пред мечот.

По ова и Полската фудбалска федерација јасно го објасни својот став.

„Пред мечот со Англија на ‘Вембли’, полската фудбалска репрезентација се одлучи за неутрален и аполитички став кон иницијативата Black Lives Matter. Во исто време посочуваме дека сите во полскиот тим се против расизмот и нетолеранцијата. Затоа, пред стартот на мечот, фудбалерите покажаа кон УЕФА Респект беџот на левиот ракав, како дел од кампањата против расимот, ксенофобијата и нетолеранцијата“,се вели во соопштението.

Scroll to Top