Top Sport

Мурињо ќе биде пречекан со уште погласна музика на „Етихад“

Манчестер сити се подготвени да ја пуштат музиката која го изнервира Жозе Мурињо уште повеќе на денешната пресметка со Јунајтед по која „граѓаните“ можат да ја освојата титулата.

Дербито на Манчестер во декември заврши со победа на Сити на „Олд Трафорд“, но и со пресметка на Мурињо со играчите на Сити поради „недостатокот на почитување“ откако тие пуштаа гласна музика во соблекувалната.

Денеска на „Етихад“ (18.30 часот), тимот на Пеп Гвардиола може да ја потврди титулата од Премиер лигата со победа над Јунајтед, и од тимот ветуваат дека музиката која го лутеше Мурињо ќе биде уште погласна.

„Секогаш е пуштено на силно. Така се подготвуваме за натпреварите. Музиката е тука пред и по натпреварите. Некои тимови се подготвуваат без музика, но не и ние. Соблекувалните се блиску и музиката не треба да значи непочитување. Но, кога ќе загубиш мораш да се соочиш и со тие кои ти се потсмеваат, кои коментираат на социјалните мрежи“, вели Кевин де Бројне.

Од друга страна, Гвардиола, чие ривалство со Мурињо трае веќе десетина години, инсистира дека нема да има „луди прослави“ доколку се освои титулата над големите ривали, најмногу бидејќи фокусот ќе е кон Лигата на шампионите, каде што во вторник ќе се обидат да ја надминат негативата од 0:3 против Ливерпул.

„Секако, влегуваме во мечот за да победиме, но ќе внимаваме на вторник. Се работи за дерби, но не се подготвувавме да ја освоиме титулата против Јунајтед. Ќе се фокусираме на нашата работа“, објаснува Гвардиола.

Мурињо имал „пресметка“ со играчите на Сити во тунелот!

Scroll to Top