Лео Меси, иако според некои вести од Шпанија не требаше да го стартува мечот против Леганес, уште еднаш покажа дека е единствен и клучен играч на Барселона, постигнувајќи хет-трик за 3:1 победа за уште еден чекор кон освојувањето на шпанската титула.
Дека на „Ноу Камп“ ќе има уште една вечер во која Меси е првата ѕвезда стана јасно уште во 27. минута, кога Аргентинецот постигна прекрасен гол од слободен удар, негов шести оваа сезона во Шпанија, со што го израмни рекордот на Роналдињо.
Lionel Messi with his 6th free-kick goal of the season
This is man is just out of this world ❤️ pic.twitter.com/MKDKYy13NS
— infosmessi (@INFOSMESSl) April 7, 2018
Само пет минути подоцна, Меси одлично реагираше на асистенцијата на Филип Кутињо за да ја удвои предноста на Каталонците, меѓутоа Набил Ел Жар во 68. минута постигна гол за да „вети“ интересен финиш на мечот. Сепак, Меси повторно беше на висината на задачата, комплетирајќи го хет-трикот во 87. минута за нова победа на Барса.
Фото: ЕПА