Јирген Клоп приредил вистинско шоу на прес-конференција пред дуелот со Реал, во Лигата на шампионите. Реал, вечерва, ќе го пречека Ливерпул. Најмногу реакции имало на прашањето кој шпански клуб би сакал да го тренира.
„Мислам дека би можел да бидам тренер на некој од трите најголеми клуба, но мојот шпански е очаен. Имам мака кога на вашиот јазик треба да нарачам пиво. По мој вкус би била Мајорка. Одлично е да се живее таму, каква клима има таму“, рекол Клоп.
На оваа шега, со иста мерка одговориле од второлигашот.
На Твитер со слика од идиличен пејсаж на Мајорка го „одбиле“, Клоп со зборовите.
„Најдобрите секогаш сакаат да дојдат кај нас, поради тоа и го имаме Луис Гарсија Плаза. Јирген, рајот секогаш е опција“.
Гарсија е актуелниот тренер на Мајорка, а парола за славната туристичка дестинација е: „Рајот е тука“.
Los mejores siempre han querido venir…
Por eso ahora tenemos a @LuisGarciaPlaza ?
???????? ?? ?????? ? ???? ??????, ??̈???? ☀️ ? pic.twitter.com/GevwzX2cnq
— Real Mallorca (@RCD_Mallorca) April 5, 2021