Eрик Даер е толку посветен на Тотенхем, што вели дека денот кога ќе умре, сака неговата пепел да биде растурена на стадионот на лодонскиот клуб.
Англичанецот е со Спарс од 2014 година кога пристигна од Спортинг Лисабон, и оттогаш има 271 настапи за клубот, останувајќи стандарден првотимец со повеќе тренери. 27-годишниот Даер го продолжи договорот со Тотенхем минатото лето и има уште три сезони, иако вели дека врската ќе трае вечно.
„Би сакал кога ќе умрам мојата пепел да биде растурена на стадионот на Тотенхем. Дефинитивно“, вели Даер.
Даер е роден во Англија, но од својата седма година живеел во Португалија, и наскоро стана член на академијата на Спортинг. Но, негови идоли не се славните фудбалери од Англија или Португалија, туку шпанскиот тенисер Рафаел Надал.
„Кога раснев, сите во моето семејство гледаа тенис, а јас и моите браќа бевме огромни фанови на Рафаел Надал. Но, никогаш не ме биваше за фудбал“, додава Даер.