Црвена звезда го совлада Партизан со 1:0 во 164. „вечно белградско дерби“ на „Рајко Митиќ“ за да се одвои на 12 поени пред „црно-белите“ на првото место во Српската Суперлига.
За Звезда ова беше 65. победа во овие дуели, додека Партизан има 47 триумфи, но во последните 15 меча пред оваа пресметка, Звезда имаше само две победи.
Човек на одлука беше Мирко Иваниќ во 58. минута, кога по корнерот на Гелор Канг ја смести топката во голот.
1-0 Zvezda! Ivanic with the header from a corner. pic.twitter.com/CzySwW4kPB
— Richard Wilson (@timomouse) April 7, 2021