Ролан Гарос, вториот Гренд слем во сезоната, ќе започне една недела подоцна од стандардниот термин. „Лекип“, објави дека турнирот ќе се одржи од 30.мај до 13.јуни. Ова значи дека паузата помеѓу Ролан Гарос и Вимблдон ќе биде само две недели.
Претходниот Роланд Гарос, поради пандемијата на коронавирусот, се одржа во октомври. Титулата ја освои Рафаел Надал. Шпанецот има 13 титули на овој Гренд слем.
Поради пандемијата на коронавирусот, Франција се наоѓа во третата блокада, отворање на земјата се очекува од средината на мај.
Прашање е само како поместувањето на почетокот на Ролан Гарос ќе влијае на турнирите кои традиционално се играат пред почетокот на Вимблдон.