Top Sport

Јокиќ ќе му ја плати казната на тренерот Мелоун

Тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун, беше исклучен на натпреварот против Сан Антонио. Денвер остана без својот тренер во втората четвртина, на крајот сепак славеа со 106:96.

Мелоун збеснал на една судиска одлука да не санкционираат фаул врз Никола Јокиќ.

Во САД, се почесто се коментира дека Јокиќ, како кандидат за МВП наградата, кај судиите нема ист третман како останатите големи ѕвезди во лигата.

Мелоун нервозен од одлуката на судиите влегол на теренот и веднаш е исклучен.

Никола Јокиќ, кој против Сан Антонио имаше 25 поени, девет скока и 10 асистенции, рекол дека тој ќе ја плати казната која ќе му биде изречена на тренерот Мелоун.

 

Scroll to Top