Каваи Ленард, еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, ќе потпише нов договор со Лос Анџелес Клиперс.
„Атлетик“, објави дека, Ленард, има можност да ја одбие гаринтирана сума од 36 милиони долари и по завршувањето на сезоната да се стекне со статус на слободен игра, но дека тој нема да ја искористи таа опција.
Според овој извор, Ленард, најверојатно ќе потпише нов четири годишен договор со Клиперси.
Ленард во кариерата има две титули, со Сан Антонио и Торонто. Во тие две финалсни серии тој беше прогласен за МВП.
Оваа сезона, Ленард, по натпревар има просек од 25,8 поени, 6,7 скока и 5 асистенции.