Голманот на Рома, Пау Лопез, има големи заслуги за победата на неговиот во Амстердам, во првиот четврт-финален натпревар во Лига Европа. Рома, синоќа, со пресврт, го победи Ајакс со 2:1.
Пау Лопез, при резултат 1:0 за Ајакс, успеа да му одбрани пенал на Душан Тадиќ.
„Знаев дека Тадиќ често шутира по средината на голот. Ги анализирав пеналите заедно со Марко Саворани, кога се подготвувавме за натпреварот. Стоев во место, успеав да го прочитам“, изхавил Шпанецот по натпреварот.
И покрај победата тој смета дека неговиот тим се уште не изборил пласман во наредната фаза. Реваншот, во Рим ќе се одигра наредниот четврток.