Top Sport

Милвоки падна во Далас, Клиперси подобри од Финикс, нов пораз на Лејкерси

Далас, ЛА Клиперс и Јута забележаа победи во дерби натпреварите, одиграни изминатата ноќ во НБА лигата.

Далас Маверикс, предводени од двоецот Лука Дончиќ-Кристапс Прозингис, славеа во дуелот со Милвоки Бакс 116:110. Дончиќ постигна 27 поени, на кои придодаде по девет скока и асистенции, а Прозингис мечот го заврши со 26 поени и 17 скокови.

Лејкерси против Мајами го забележаа 20.пораз во сезоната. Џими Батлер постигна 28 поени во триумфот на мајами од 110:104. Ист број на поени кај Лејекрси постигна Калдвел-Поуп.

Клиперси, во интересен меч, славеа над Финикс 113:103. Најодбрите играчи на Клиперс, Пол Џорџ и Каваи Ленард заедно постигна 60 поени. Џорџ со 33 беше најефикасен играч на натпреварот, Ленард уфрли 27 поени.

Најдобриот тим во лигата, Јута Џез, предводен од Донован Мичел (37 поени), славеше победа над Портланд 122:103. Одличен меч одигра Руди Гобер (18 поени, 21 скок). Кај Портланд се истакнаа Демијан Лилард со 23 и Си Џеј Мекалум со 19 поени.

Резултати:

Мајами-ЛА Лејкерс 110:104
Торонто-Чикаго 113:122
Оклахома-Кливленд 102:129
Далас-Милвоки 116:101
ЛА Клиперс-Финикс 113:103
Сакраменто-Детроит 101:113
Јута-Портланд 122:103

Scroll to Top