Фернандо Торес потврди дека ќе си замине од Атлетико Мадрид на крајот на сезоната, но нема да се пензионира туку ќе продолжи да игра фудбал на друго место.
Торес започна со Атлетико од својата 10-та година, играјќи шест сезони во младинскиот тим и шест во сениорскиот тим пред да направи трансфер во Ливерпул. Шпанскиот ас имаше импресивни 65 гола во 102 натпревари, пред да замине во Челси, каде што по падот на формата во 2015 се врати во Атлетико.
„Кога дојдов во Атлетико имав 10 години и ова беше мојот дом. Имав среќа да дебитирам, да играм, да постигнам голови и секогаш ќе бидам дома тука. Можам да имам многу куќи, но само еден дом. Имав среќа да бидам дел од тимот кој се бореше за титулите. Ова е последна година во клубот, нешто што не беше лесно да се одлучи. Сакам да продолжам да играм на друго место бидејќи се чувствувам добро“, вели 34-годишниот Торес.
Фото: ЕПА