Top Sport

Кејн со ултиматум до Тотенхем – Пласман во ЛШ или заминува

Најдобриот играч на Тотенхем, Хари Кејн, им порачал на клупските челници дека летово ќе побара трансфер, доколку Спарс не изборат пласман во Лигата на шампионите.

Информацијата за незадоволството на Кејн го објави „Атлетик“. Според овој извор, Кејн бил фрустриран, бидејќи најдобрите години од кариерата ги поминал обидувајќи се да освои трофеј со Тотенхем.

„Атлетик“, шпекулира дека доколку Кејн го напушти Тотенхем дека негова следна дестинација ќе биде Манчестер, прашање е само дали ќе заврши во Јунајтед или Сити.

Манчестер сити, во летниот преоден рок ќе мора да донесат напаѓач од светска класа, откако стана јасно дека Серхио Агуеро ќе го напушти клубот.

Во слична позиција се и Манчестер јунајтед. Единсон Кавани, по само една сезона ќе замине од клубот, а Ентони Марсијал не е класичен напаѓач.

Што и да реши Кејн, цената која ќе ја бараа Дениел Леви за својот најдобар играч нема да биде мала.

Медиумите во Англија шпекулираат дека Тотенхем нема да го продаде Кејн за сума помала од 120 милиони фунти.

Scroll to Top