Во англиската Лига 2 (инаку четврта лига по ранг), вчера се случија неверојатни сцени, откако напаѓачот на Гримзби таун, Стефан Пејн доби црвен картон за удар на глава на свој соиграч.
Гримзби губеа со 1:0 на гости кај Бредфорд сити, и неколку минути по примањето на голот, кога заврши полувремето, Пејн се расправаше со својот соиграч, Португалецот Филипе Мораиш и го удри со глава. Судијата го следеше Пејн во тунелот и му покажа црвен картон.
Гримзби на крајот загубија со 1:0.
Grimsby’s Stefan Payne sent off for this with teammate Filipe Morais pic.twitter.com/BPf2Stv8Mi
— James Dart (@James_Dart) April 10, 2021
Definate headbutt from Payne, pure stupidity. Would love to be a fly on the wall in the Grimsby changing rooms. #bcafc pic.twitter.com/yiQZEXLN8s
— Joe (@Calvey94) April 10, 2021