Top Sport

Јуве лесно со Џенова, Наполи со победа кај Сампдорија

Јувентус се доближи на еден поен од второто место на Милан, откако дома со лесни 3:1 славеше против Јувентус, додека Наполи, стигна до 0:2 победа кај вториот клуб од Џенова, Сампдорија.

Дејан Кулушевски по само пет минути водсто ги донесе домаќините во водство, за во 22. минута, Алваро Мората да зголеми на 2:0. Џанлука Скамака ја врати надежта на гостите за камбек во 49. минута, но Вестон Меккени во 70. минута ја врати предноста од два гола за домаќините. Горан Пандев беше во игра до 63. минута од мечот.

На „Луиџи Ферарис“ пак, Наполи стигна до 0:2 победа кај Сампдорија со головите на Фабијан Руиз (35.) и Виктор Осимен (87.), за да се искачи на четвртото место на табелата. Елиф Елмас влезе во игра за Наполи во 90. минута од мечот.

СЕРИЈА А, 30.КОЛО

Јувентус – Џенова 3:1

Сампдорија – Наполи 0:2

Верона – Лацио 0:1

Scroll to Top