Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, веќе знае името на противникот во полу-финалето во Лигата на шампионите. Првиот човек на „кралскиот клуб“, има желба Реал во финалето да игра против Барселона, а знае дека во наредната рунда ќе мора да го прескокне Баерн.
„Дали сакаме да играме против Барселона во финалето оваа сезона? За почеток, важно е да стигнеме таму. Секако дека е можно, но прво ќе се сретнеме со Баерн, бидејќи секогаш играме со нив. Доколку се пласираме во финалето и за трофејот се бориме со Барселона јас ќе се сетам на нашите победи во Суперкупот на Шпанија. Беше 3:1 на гости и 2:0 на нашиот стадион. Сепак, ние најпрвин мора да го елиминираме Јувентус“, рекол Перез.
Реал по победата над Јувентус во Торино 3:0 практично е во полу-финалето, а реваншот во Мадрид ќе се одигра утре.
Инаку, Реал и Баерн досега шест пати играле во полу-финалето на најсилното клупско натпреварување во Европа, а четири пати како победник излегувал гермнскиот тим.