Top Sport

Словенците незадоволни: Добивме помалку пари од Србите и Шпанците

Репрезентативците на Словенија во кошарка побарале поголема парична награда за освоената титула на Европското првенство минатата година.

Словенија сензационално ја освои титулата во Истанбул, откако во полу-финалето ја победи Шпанија, а во финалето Србија. За европската круна кошаркарите се наградени со вкупно 67.000 евра, односно секоја кошаркар, откако ќе биде одбиен данокот, ќе добие по 4.187 евра.

Кошаркарите повеќе пари побарале и од премиерот на Словенија, Миро Церар.

Во писмото испратено до премиерот тие напишале дека секој репрезентативец на Србија ќе добие пет пати повеќе пари од нив, додека Шпанците за бронзениот медал, по човек добиле по 30.000 евра.

Интересно, стручниот штаб предводен од Игро Кокошков кој ја предводеше Словенија до историскиот успех, не доби никаква парична награда.

Scroll to Top