Top Sport

Абрамович загуби 534 милиони во еден ден!

Тимот на Челси нема најдобри неколку месеци, со испаѓањето од Лигата на шампионите и со многу малку шанси за пласман во европската елита следната сезона. Но, на нивниот сопственик, Роман Абрамович работите му одат многу полошо.

Според „Москоу тајмс“, шефот на Челси загуби 534 милиони долари во еден ден, откако беше еден од 50-те најбогати руски бизнисмени кои страдаат од санкциите. Ова доаѓа откако САД ги казни бизнисмените, компаниите и официјалните лица блиски до рускиот претседател Владимир Путин поради „мешање во американските избори во 2016 и други злонамерни активности“.

Абрамович, кој според магазинот „Форбс“ е „тежок“ 10.8 милиони долари е 11. најбогат Русин и 140. најбогат човек на светот. Надвор од Русија, тој е познат како сопственик на Челси, кој го купи во јуни 2003 година и го направи клубот вистинска сила во Премиер лигата.

Од 2000 до 2008 година тој беше гувернер на областа Чукотка, а според руските медиуми тој има донирано повеќе пари од било кој Русин – откако од 1999 до 2013 даде 2.5 милијарди долари за изградба на училишта, болници и инфраструктура во Чукотка.

Фото: ЕПА

Scroll to Top