„Тешко ми е, не паметам кога ми било потешко“, рекол капитенот на Барселона Андрес Иниеста по елиминацијата на неговиот тим во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Барселона во Рим пристигна со предност 4:1, а го напушти со 0:3.
Легендарниот фудбалер пред камерите бил целосно скрешен од поразот.
„Никогаш не сум доживеал потежок пораз како играч на Барселона“, рекол 33-годишникот, кој синоќа сруши еден рекорд во Лигата на шампионите, откако го одигра својот 22.натпревар во четврт-финалето на ова натпреварување.
„Ова боли. Никој не очекуваше дека ќе испаднеме. Не успевавме да се прилагодиме на нивната игра, разочарани сме. Верувавме дека можеме да ја освоиме Лигата на шампиони“.
Иниеста на крајот од сезоната би можел да се пресели во Кина и да стане еден од најплатените фудбалери во историјата.
„Дали се збогував со Лигата на шампионите? Веројатно…Сепак ова не е вистинскиот момент да разговараме на таа тема.“