Патрик Виера во своето прво интервју откако доби отказ од Ница во декември по низата од пет порази, вели дека побарал совет од неговиот поранешен тренер од Арсенал, Арсен Венгер, кој му порачал дека не е вистински тренер додека не добие отказ.
Во интервју за „Л’Екип“, Виера открива дека два англиски клубови се заинтересирани за неговите услуги и додава дека морал да побара совет од својот поранешен ментор, Венгер.
„Секако, веднаш му се јавив на Арсен. И првата реченица која ја кажа беше: ‘Не си вистински тренер додека не ти дадат отказ’. Секогаш е конструктивно да се слушнеш со Арсен. Кога влегуваш во оваа професија мораш да прифатиш дека еден ден ќе добиеш отказ. Секако, сакав тоа да се случи подоцна, но и ова беше искуство“, вели 44-годишниот Французин.