Бундес лигата ги одложи наредните три натпревари на Херта. Тимот од Берлин, поради коронавирусот, се наоѓа во 14-дневен карантин, во клупскиот тренинг центар.
Први со корона вирусот се заразиле тренерот Пал Дардаи и неговиот помошник Адмир Хамзагиќ, а пото аи фудбалерот Доди Лукебакио.
Бундес лигата одлучи, најпрвин да го одложи денешниот меч на Херта со Мајнц, а дополнително ги одложи и натпреварите на тимот против Фрајбург (во среда) и Шалке (наредната сабота).
Термините за одигрување на овие натпревари дополнително ќе бидат одложени.