Top Sport

Надал по поразот од Рубљов: Катастрофално сервирав

Рафаел Надал, вчера го заврши својот настап на Мастерсот во Монте Карло. Шпанецот во три сета испадна од Андреј Рубљов. Рускиот тенисер против 11-кратниот победник во Монте Карло славеше со 6/2, 4/6, 6/2.

Надал, во изјавата за медиумите, ги открил причините за поразот од Рубљов.

„Не е тешко да се објасни што се случи. Кога ќе играте лошо против играч каков што е Рубљов, резултатот не може да биде поинаков. Сервисот ми беше катастрофа. Кога лошо сервираш, тоа влијае и врз твојата игра во текот на целиот меч. Размислуваш само како да го погодиш првиот сервис, не можеш да размислуваш за целиот поен. Не можеш да победиш играч каков што е Рубљов кога толку лошо сервираш. На крајот среќен сум што победи, тој е добро момче“, рекол Надал.

Рубљов во полу-финалето ќе игра против Норвежанецот Каспер Руд, во второто полу-финале се Даниел Еванс и Стефанос Циципас. Ниту еден од овие четворица во кариерата нема Мастерс титула.

Scroll to Top