Дванаесет најбогати фудбалски клубови од Европа, донесоа одлука за формирање на свое натпреварување, кои го нарекоа Суперлига.
Основачи на лигата се: Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем. Меѓу основачите нема клубови од Германија и Франција.
„Се очекува да се приклучат уште три клиба пред почетокот на првата сезона, која би требало да започне што е можно поскоро. Им се радуваме на дискусиите со ФИФА и УЕФА, како би можеле да дојдеме до најдобрите предлози за оваа нова Лига“, пишува во соопштението, во кое се додава дека клубовите ќе учествуваат во своите национални шампионати.
Проектот на новото фудбалско натпреварување, подразбира Лига во која ќе учествува 20 најдобри европски клубови – 15 основачи на Лигата и пет кои преку резултатите од претходната сезона ќе изборат место во Суперлигата.
Деби сезоната ќе започне во август, екипте ќе бидат поделени во две групи, во секоја ќе има по 10 тимови. Натпреварите ќе се играат во вторник, среда и четврток. Пласман во четврт-финалето ќе изборат првите три екипи од двете групи, додека екипите кои ќе завршат на позициите четири и пет ќе играат бараж за пласман во четврт-финалето.
Во четврт и полу-финалето, ќе се играат по два натпревари, а финалето ќе се игра на неутрален терен. Во блиска иднона е најавено формирање и на женска Суперлига.
Потврдено е дека основачите ќе добијат до 3,5 милијарди долари како поддршка за реализација на плановите.
Претседател на Суперлигата ќе биде првиот човек на Реал, Флорентино Перез, а потпретседатели Андреа Ањели (ЈУвентус) и Џоел Глејзер (Манчестер јунајтед).
Формирањето на оваа лига е голем удар за актуелната Лига на шампиони. ФИФА и УЕФА повикаа на единство и се заканија со жестоки казни кон клубовите кои ќе играат во Суперлигата.