Top Sport

Невил: Исфрлете ги Јунајтед, Арсенал и Ливерпул од Премиер лигата

Легендата на Манчестер јунајтед, Гери Невил, бара ригоризни казни за англиските тимови, кои најавија дека ќе бидат дел од новата Суперлига. Невил е разочаран од однесувањето на својот поранешен клуб и од останатите кои имаат желба да бидат дел од новиот фудбалски поредок.

„Четириесет години сум навивач на Манчестер јунајтед. Разочрана сум. Најмногу ме разочараа Јунајтед и Ливерпул. Да од Ливерпул, клуб кој никогаш нема да оди сам, клуб од народот…Работници го основаа Јунајтед пред 100 години…Мораме да се бориме со моќниците на водечките шест клубови, меѓу кои е и мојот клуб. 12 месеци зборувам за ова, барам да се намали трошењето, да се балансираат сметките, ова што го прават е алност“, рекол Невил.

„Сопствениците на овие клубови немаат никаква врска со фудбалот во Англија. Навивачите бараат заштита. Не сум против парите во фудбалот, и јас сум заработил од фудбалот, вложувам пари во фудбалот, но постојат некои принципи. Треба да у се овозможи на Лестер да оди во Лигата на шампионите доколку ја освои Премиер лигата. Јунајтед не се во ЛШ, не се ниту Арсенал и Тотенхем, тие сакаат да имаат ексклузивно право да бидат таму. Тоа е циркуз. Ова е премногу“.

Гери Невил смета дека оние кои го потпишале договорот за Суперлигата да бидат жестокот казнети.

„На Јунајтед и останатите кои се пријавија за учество во Суперлигата треба да им биде срам, треба да им се одземат бодови, парично да бидат казнети. Ова е криминал. Ова е кривично дело против фудбалските вљубеници. Дајте му ја титулата на Барнли, Фулам нека останат во лигата, а од лигата исфрлете ги Јунајтед и Ливерпул и Арсенал. Бидете поштени. Тие сакаат да играат меѓу себе, а остатокот од Англија да гледа 14 клубови кои ќе се натпреваруваат во домашната лига“, заклучил во својот остар настап поранешниот капитет на Јунајтед, Гери Невил.

Scroll to Top