Британскиот возач на Вилијамс, Џорџ Расел доби закана од шефот на Мерцедес, Тото Волф дека ќе го прати во „Рено Клио купот“ по неговиот судир со Валтери Ботас на вчерашната трка во Имола, по која Расел го обвини Ботас дека сака да го убие.
Расел се обиде да го претекне Ботас од надворешната страна, и според снимките изгледаше дека Финецот се придвижи се удри во него. Расел преку радиото фуриозно го нападна Ботас, прашувајќи се „што сакаше да направи“, а првото нешто што го направи по излегувањето од болидот е дискусијата со Ботас и удирањето по кацигата. Ботас одговори со кревање на средниот прст.
„Секој има право да ја брани својата позиција. Но, на 330 км/ч, мораш да ја почитуваш брзината и условите“, изјави Расел.
Расел, кој минатата година го замени Луис Хамилтон на една трка од сезоната, е возач под договор со Мерцедес и се верува дека е еден од ривалите на Ботас за местото во 2022 година. Шефот Тото Волф не беше импресиониран.
„Немаше многу пријателски разговор меѓу двајцата, нели? За танго се потребни двајца. Кажав дека ако заврши добра работа може да биде во Мерцедес, ако не ќе возиме во Рено Клио купот, и денеска сме поблиску до Рено Клио купот“, изјави Волф.
Russell and Bottas cames together!! pic.twitter.com/76vSCmLT0C
— Koke (@Kokefin) April 18, 2021
That certainly wasn't a friendly "are you ok, mate?" ? #ImolaGP #F1pic.twitter.com/6s0GTXbcHN
— Planet F1 (@Planet_F1) April 18, 2021