Top Sport

Српски ватерполист е суспендиран – на сред меч противникот го нарекол пе.ер

Српскиот ватерполист Немања Убовиќ е суспендиран од шпанската екипа Сабадел затоа што во тек на натпревар го нарекол пе.ер ватерполистот на Тераса, Виктор Гутиерес кој пред неколку години и откри на јавноста дека е хомосексуалец.

„Убовиќ нема да биде дел од тренинзите и натпреварите се додека не се реши овој случај. Постојат спротивставени верзии и клубот работи на решавање на случајот, Клубот најостро осудува било какви хомофобни, ксенофобни или расистички изјави на свои играчи“ соопштија од шпанскиот ватерполо клуб.

Гутиерес чекал српскиот ватерполист да му се извини. Тој тврди дека навредите ги слушнале и играчите, но и луѓето на трибините. Тој, наводно, се расплакал по инцидентот.

„Ме нарече пе.ер, но на тоа поради тензиите во базенот не му дадов значење. Можеби така сакал да го дестабилизира ривалот. Меѓутоа, по натпреварот не сакав да се ракувам со него, а тој повторно ме нарече пе.ер. Тогаш разбрав дека постоела јасна намера да ме навреди. Не сакав повеќе да молчам и да ја кријам хомофобијата во спортот. Мора да се реагира“ рече Гутиерес.

Scroll to Top