Италијанската сатирична ТВ програма „Стриша и нотиција“ е позната по својата награда „Златен тапир“, која ја доделуваат на славни имиња (многу често спортисти) за тој што најмногу се посрамотил претходната недела.
Овојпат, секако, главен лик е претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, по фијаското околу Европската Суперлига. Но, овојпат, тие се потрудија и наместо вообичаена награда, пред вечерашниот меч со Парма пред „Алијанц стадионот“ донесоа џиновски тапир, за „џиновско“ посрамотување.
Во минатото, Ањели покажа смисла за хумор и ја прими наградата, овојпат не веруваме дека е толку расположен.
Ањели доби „Златен тапир“ и порача: Средниот прст на Конте е знак на симпатија