Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар вели дека очекува да биде целосно подготвен за Светското првенство во Русија, откако на интервју за бразилската ТВ изјави дека му е потребен уште еден месец да оздрави.
26-годишниот Бразилец имаше операција за скршеното стапало минатиот месец по повредата во текот на мечот на 25 февруари против Марсеј и моментално е во Бразил на опоравување.
„Имам уште еден месец, месец и нешто. Рехабилитацијата оди добро, фрактурата се залечува, сѐ оди според планот“, вели Нејмар во интервју за „Глобо ТВ“, кое целосно ќе биде прикажано во сабота.
ПСЖ исто така посочија дека очекуваат тој да се врати во акција пред крајот на францускиот шампионат.
Опоравувањето Нејмар го поминува во неговата спектакуларна куќа со шест спални во близината на Рио де Жанеиро, каде што има достапен тениски терен, вежбална и хелиопад.
Фото: ЕПА