Top Sport

УФЦ хорор – страшна скршеница на ногата на Крис Видман (вознемирувачко)

ММА фановите на Флорида имаа прилика да видат страшна сцена, откако ветеранот од средна категорија, Крис Видман доби скршеница на ногата на мечот со својот ривал Јураја Хол на УФЦ 261 во Џексонвил, Флорида.

Во првиот меч со полни трибини по пандемијата на корона вирусот, гледачите присуствуваа на вистински хорор, кога веќе во 17-тата секунда од првата рунда поранешниот шампион Видман ја скрши ногата обидувајќи се да го удри противникот.

„Човеку, навистина ми е жал за него. Се надевам дека е океј. Му посакувам најдобро нему и на неговото семејство. Се надевам дека ќе се опорави, бидејќи е еден од најдобрите“, изјави 36-годишниот Хол по мечот, кој одбележува четврта победа во низа за него.

Scroll to Top