Top Sport

Дончиќ и Далас повторно подобри од Лејкерси

Далас маверикс вторпат во неколку дена успеаја да бидат подобри од НБА шампионот Лос Анџелес лејкерс, овојпат победувајќи со 108:99 со фантастичен камбек.

Лејкерси во еден момент имаа дури 17 поени разлика (37:54), но Лука Дончиќ и неговиот тим полека ја намалуваа негативата, за да направат целосен пресврт во последната четвртина. Дончиќ со 18 поени и 13 асистенции повторно беше сигурен за својот тим, но Двајт Пауел беше најефикасниот со 25 поени.

Лејкерси, кои повторно беа без Леброн Џејмс, го имаа Бен Меклемор со 20 поени, додека Ентони Дејвис додаде 17 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Далас – ЛА Лејкерс 108:93

Денвер – Хјустон 129:116

Јута – Минесота 96:101

Мајами – Чикаго 106:101

Њу Орлеанс – Сан Антонио 108:110

Индијана – Детроит 115:109

Милвоки – Филаделфија 132:94

Њујорк – Торонто 120:103

Scroll to Top