Кошаркарското далматинско дерби меѓу Шибеник и Задар падна во сенка на дивеењето на навивачите на Задар низ улиците на Шибеник, јавува хрватски „Индекс“.
Споед веб-сајтот десетина навивачи на Задар во центарот на градот почнале без причина да напаѓаат луѓе со шипки, „боксери“ и камења, а на ова одговорија навивачите на Шибеник, по што изби масовна тепачка која беше прекината од полицијата.
Полицијата објави дека лекарска помош побарале четири луѓе, а дека се приведени 13 луѓе од Задар.