Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека нема да го следи мечот Манчестер јунајтед-ВБА и покрај тоа што неговиот клуб ќе ја потврди титулатаод Премиер лигата доколку ВБА некако победи. Наместо тоа, Каталонецот ќе игра голф, бидејќи има закажано меч.
Иако е малку веројатно последнопласираните ВБА да ги совладаат Јунајтед на „Олд Трафорд“, Гвардиола нема да се „тресе“ и да го следи мечот.
„Имам закажано партија голф! Ми следуваат три дена слободни и во недела е време за голф. Голф, мојот син, пријателите… Тоа е планот“, изјави Гвардиола откако неговиот тим импресивно се врати по 3:1 победа на гости кај Тотенхем.