Top Sport

Засилувања за Реал пред Челси – Феде негативен на коронавирусот, Марсело ослободен од граѓанската должност

Реал ќе биде засилен со двајца фудбалери, за утрешниот полу-финален реванш во Лигата на шампионите, против Челси. Првиот натпревар, одигран минатиот вторник, во Мадрид, заврши без победник 1:1.

За реваншнот Зинедин Зидан ќе може да смета на Федерико Валверде и Марселона.

Валверде, еден од клучните фудбалери на Реал, во претходната рунда против Ливерпул, добил негативен тест на коронавирусот. Поради повредата и коронавирусот, Валверде, пропушти четири натпревари во Ла Лига, а не играше ниту против Челси во првиот натпревар.

Марсело, претпладнево бил ослободен од граѓанската должност, да биде присутен на едно избирачко место во Мадрид, каде се одржуваат регионални избори.

Тој добил дозвола да ја напушти Шпанија.

Во тимот на Реал ќе биде и Серхио Рамос, додека дуелот со Челси, поради повреда, ќе го пропушти Рафаел Варан.

Scroll to Top