Top Sport

Солзи во очите на Адријано – Неговото име ќе стои крај имињата на бразилските спортски легенди

Адријано, легендарниот бразилски фудбалер, кој никогаш до крај не го покажа својот талент, емотивно ја примил веста дека неговото име ќе се најде на патеката на славните, на легендарната Маракана.

Адријано ќе биде 123 спортист и вкупно 104 фудбалер, чие име ќе биде испишано на патеката на славните. Неодамна оваа чест ја доби фудбалерот на ПСЖ, Нејмар.

„Многу сум возбуден…Ова беше мојот сон. Би сакал да е жив мојот татко и да може да го види ова“, рекол 39 годишниот Адријано.

Поранешниот фудбалер, на Инстаграм објавил фотографии од моментот кога му било соопштено дека отпечаток од неговото стапало ќе се најде на патеката на славните.

Свечената церемонија ќе се одржи кога на навивачите ќе им биде дозволено да се вратат на стадионите.

AnimeTV anime tv web: Watch Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 12

AnimeDao i want to eat your pancreas animedao: Watch The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 1

Scroll to Top