Top Sport

АС: Лукас Васкез го одбил Атлетико, од Реал ќе се пресели во Милан

Лукас Васкез, одбил да им се приклучи на Атлетико Мадрид и речиси е извесно дека од наредната сезона ќе го носи дресот на Милан, тврди „АС“.

Васкез има договор со Реал до крајот на оваа сезона. Неколкуте обиди да го продолжи договорот завршиле не успех. Реал му понудиле годишна плата од 3,5 милиони евра, но Васкез сметал дека заслужува повеќе.

Последната понуда на Реал изнесува пет милиони евра по сезона. Васкез се уште не одговорил на оваа понуда.

Според „АС“, Лукас Васкез, како навивач на Реал не сакал да се пресели во градскиот ривал Атлетико и дека тој ќе ја напушти Шпанија. Фудбалерот се согласил на трансфер во Милан, каде настапува неговиот поранешен соиграч Тео Ернандез.

Scroll to Top