Три години откако се натпреваруваше на Дакар релито, поранешниот тренер на Тотенхем, Челси и Марсеј, Андре Вилаш-Боаш ќе дебитира и во Рели ВРЦ шампионатот на домашното Португалско рели.
43-годишниот Вилаш-Боаш е без ангажман откако се раздели со Марсеј во февруари по јавната караница со управата. Поранешниот помошник на Жозе Мурињо во Порто, освојуваше титули во Португалија и Русија, со Порто и Зенит, но немаше голем успех во Премиер лигата. Во Марсеј тој јавно се спротистави на носењето на фудбалерот Оливие Нчам, и Марсеј го заменија со Хорхе Сампаоли.
Вилаш-Боаш ќе вози Ситроен Ц3 во најниската рели категорија, ВРЦ. Во 2018 година, тој дебитираше на Дакар релито со Тојота, но се повлече по само четири етапи по судир.