Според „Скај спорт Италија“, Тотенхем ќе бидат обврзани да исплатат дел од платата на Жозе Мурињо во неговата прва сезона во тимот на Рома.
„Специјалниот“ се враќа во Серија А 11 години откако го напушти Интер, и според „Скај спорт“, тој потпишал во понеделникот откако се согласил на драстично намалување на платата. Во Рим, Португалецот ќе добива 7 милиони евра годишно, далеку помалку од 16-те милиони евра кои ги добиваше во северен Лондон.
Според изворите на италијанските медиуми, Мурињо ќе ја добие истата плата како во Тотенхем во првата сезона во „вечниот град“, бидејќи Спарси се согласиле да платат дел од платата. Мурињо во Италија ќе добие и даночно олеснување од 50 отсто кое се однесува за тие кои не живееле во Италија последните три години, но го префрлиле жителството во оваа земја следните две години. По истите закони, тој ќе може да плати и максимални 100.000 евра данок на странските ангажмани, како спонзорства и други договорени работи.
Како и да е, нема да биде за жалење.