Top Sport

Звонимир Бобан се разведува по 28 години!

Звонимир Бобан потврди дека се разведува со својата сопруга, поранешната манекенка Леонарда Бобан со која е од 1989 година.

Еден од „најтивките“ парови во Хрватска, тие секогаш обрнувале огромно внимание на заштитата на нивниот приватен живот, а сега во изјава за „Вечерњи лист“, поранешниот фудбалер на Милан потврди дека животот ќе го продолжат разделено.

„Леа и јас се разделивме и живееме одвоено. Ќе продолжиме да се грижиме за нашите деца поради нашето огромно меѓусебно почитување. Се надевам дека луѓето ќе ја сфатат деликатноста на ситуацијата и ќе дозволат нашите деца да поминат што е можно побезболно во ситуацијата“, изјави Бобан.

Бобан и Леонарда се запознале во 1989 година, а се во брак од 1993 година, кога Леонарда ја прекина манекенската професија. Двојката посвои четири деца, а во 2009 година добија и девојче.

Scroll to Top