Top Sport

Погба: Рашфорд и Мбапе се сегашноста и иднината на фудбалот

Пол Погба ги оцени своите соиграчи од Манчестер јунајтед (Маркус Рашфорд) и од француската репрезентација (Килијан Мбапе), како фудбалери кои ја претставуваат сегашноста и иднината на светскиот фубал.

Рашфорд стана клучен играч на Јунајтед на 23 години, а покрај фудбалскиот живот имаше и успешна кампања за помош на сиромашните деца, додека 22-годишниот Мбапе стана ѕвезда уште на СП во 2018 година, кога ја освои светската титула покрај Погба.

„Се работи за двајца големи, огромни таленти. Толку се млади и талентирани и имаат остварено многу во својата младост. За мене тие се сегашноста и иднината на фудбалот“, вели Погба.

Тој исто така одби да одговори на прашањето кого би избрал за најдобар на сите времиња, Лионел Меси или Кристијано Роналдо.

„Тоа е убаво прашање, но сепак, е трик-прашање. Двајца различни фудбалери, но двајца фудбалери кои ти даваат радост кога ги гледаш. Секој човек има свое мислење за тие две легенди, а јас само би кажал дека никој од нив не е подобар од другиот. Само двајца кои сакам да ги гледам“, објаснува Погба.

Scroll to Top