Јирген Клоп е „апсолутно посветен“ на Ливерпул и планира да остане на „Енфилд“ и без пласман во европските купови, тврди неговиот агент Марк Козике.
Откако пред две години станаа европски шампиони, а минатата година првпат по 30 години ја освоија англиската титула, оваа сезона пласман во топ 4 и Лигата на шампиони ќе биде достигнување, бидејќи се седми на табелата на пет меча пред крајот на сезоната.
Ова ги зголеми шпекулациите дека е можно Германецот да си замине предвреме од англискиот гигант, но неговиот агент Козике во интервју за „Скај спорт Германија“ само кратко одговори дека тој е „апсолутно сигурен во Ливерпул“ и нема никаква дискусија за можно заминување.