Top Sport

Конте со насмевка го пречека Мурињо во Италија

Антонио Конте, освежен по освојувањето на италијанската титула со Интер, имаше фантастична реакција кога дозна дека неговиот стар „непријател“ Жозе Мурињо доаѓа во Серија А од следната сезона со тимот на Рома.

Двајцата имаа бурни односи како ривали во Премиер лигата, додека Конте беше на чело на Челси, а Мурињо на Манчестер јунајтед (повеќе за тоа во линкот подолу), но Конте изреагира џентлменски кога еден италијански новинар му ја соопшти веста.

„Да? Навистина? Потврдено“, одговори Конте со широка насмевка на лицето, по што одговори дипломатски дека тоа се добри вести за сите и му посака многу среќа „освен во мечевите со Интер“.

Повеќе за односот меѓу двајцата стручњаци:

Мурињо во Италија пак ќе се судри со стариот непријател Конте

Scroll to Top