Вториот носител на Мастерсот во Мадрид, Данил Медведев, не успеа да се пласира во четврт-финалето. Медведев од турнирот испадна од Крситијан Гарин.
Чилеанецот успеа да го победи фаворитот по два часа и 29 минути со 6/4, 6/7, 6/1.
Медведев, во текот на целиот меч имаше само една топка за брејк. За разлика од него, Гарин искористи една во првиот сет и две во третиот.
Во третиот сет, кога Гарин направи брејк за 3:1, Медведев влезе во расправија со публиката, која го поремети неговиот ритам и до крајот на мечот не освои ниту еден гем.