„Старата дама“ на германскиот фудбал, Херта Берлин, конечно, успеа да излезе од зоната за испаѓање од Бундеслигата, откако со 3:0 го совлада тимот на Фрајбург.
Победникот беше решени во првите 20-тина минути од мечот, кога прво Кшиштоф Пјонтек во 13. минута стрелаше за Херта, а потоа во 22. минута ветеранот Петер Пекарик зголеми на 2:0. Немања Радоњиќ во 85. минута стави точка на натпреварот.
Со трите поени, Херта сега е на 14. место на табелата со 30 поени, колку што имаат и Херта и Арминија Билефелд зад нив, но има и натпревар помалку. Фрајбург се деветти со 41 освоен поен.