Top Sport

Лауреус наградите за Надал, Осака и Баерн Минхен

Рафаел Надал по вторпат ја освои наградата за најдобар спортист, откако Лауреус академијата го призна неговото остварување, додека јапонската светска тенисерка број 1, Наоми Осака ја доби наградата за најдобра спортистка.

Надал исто така ја доби наградата во 2011 година, додека беше номиниран и во 2009, 2014, 2018 и 2020 година. Оваа година тој ги победи Џошуа Чептегеи, Арманд Дуплантис, Луис Хамилтон, Леброн Џејмс и Роберт Левандовски.

„Благодарам од дното на срцето, а имав и фантастична конкуренција. Останатите спортисти најверојатно ја заслужуваат наградата исто како мене, но ова беше моја година. Освојувањето на Ролан Гарос и израмнувањето на 20-тиот гренд слем на Роџер Федерер беше незаборавен момент за мене. Израмнет сум со мојот голем ривал и мојот голем пријател“, вели Надал.

Шпанецот доби честитка директно од Лео Меси, додека наградата на Осака и ја честиташе осумкратниот добитник на оваа награда. 23-годишната Јапонка ја освои својата втора титула од САД опен минатата година, а исто така се врати и на првото место на АТП листата.

За најдобар клуб во 2020 година, очекувано беше прогласен европскиот шампион Баерн Минхен.

Награда за животно достигнување доби уште една тениска легенда, Били Џин Кинг, додека седумкратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон доби награда за „адвокат на спортистите“ поради неговата вклученост во борбата против расизмот.

 

Scroll to Top